Полицијата во Сплит уапси 39-годишен маж кој поседувал четири килограми хероин и 446 грама кокаин. Полицијата во неговиот дом открила поголема сума пари и две ваги за прецизно мерење.
Уапсениот е осомничен за сторено кривично дело неовластено производство и трговија со дрога. Против него е поднесена кривична пријава.