ВИДЕО | Апасиев: Левица станува лидер на опозицијата во Македонија

Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, рече вечерва претседателот на партијата Димитар Апасиев. Тој соопшти дека кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ влегува во трката во вториот круг и соопшти дека Левица добила над 70 советници.

Покрај во Скопје, втора партија пред СДСМ Левица станува во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес. Од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата а планот за пасокизација на СДСМ се оствари. За Орце имам порака, не бегај од дебата!, рече Апасиев.

Мециновиќ се заблагодари за поддршката и истакна дека за првпат во Скопје има кандидат кој не е поддржан од двете најголеми партии.

Денеска Левица испиша историја зашто имаме во главниот град за првпат кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во првиот круг покажавме дека има надеж а во вториот сето ова ќе го претвориме во реалност. Влеговме во вториот круг зашто илјадници луѓе во Скопје се охрабрија да гласаат за промената и го сакаат сопствениот град. За жителите во Скопје имаме јасен избор помеѓу 2 визии. Првата застарена криминална и коруптивна и втората, нашата визија направена од љубов кон сопствениот град во кој сите ќе сакаме да живееме. Овие неколку недели во Скопје видовме илјадници насмеани лица, кои сакаат Скопје да биде ослободено од градски власти кои не ги интереисра ништо за скопјани. Ова беше прво полувреме во кое се мобилизиравме, во второто ќе победиме, ништо повеќе нема да биде исто. Го дочекавме денот кога ВМРО и СДСМ нема да ни бидат судбина. Ги повикуваме разочараните да ни се придружат, бидејќи ова е наша борба, наша приказна за нашето Скопје, рече Мециновиќ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот