ВИДЕО | Андоновиќ: Протестите во Белград како увертира во предизборието во април следната година

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Белград два дена траат улични протести на кои илјадници демонстранти протестираат против загадениот воздух. Под мотото „Да не го давиме Белград“, неколку илјади граѓани организраа т.н. Еколошко востание, кое е насочено против намерите на актуелната Влада да реализира евентуална експропријација на земјоделско земјиште во западна Србија со цел да ѝ се овозможи на рударската корпорација „Рио Тинто“ и странскиот приватен капитал да експлоатираат и хемиски да преработуваат литиумска руда за производство на батерии.

Над 220 000 луѓе потпишаа петиција против рудникот на локацијата Јадар кај Лозница, а до Уставниот суд беше испратено барање да ја оцени уставноста на локалниот просторен план со кој се предвидува експлоатација на литиум.

Противниците на законот тврдат дека законот ќе овозможи одземање на имотот на граѓаните заради „катастрофални проекти и државни договори“. Тие се противат на евентуална експропријација на земјоделско земјиште во западна Србија со цел да ѝ се овозможи на рударската корпорација „Рио Тинто“ и странскиот приватен капитал да експлоатираат и хемиски преработуваат литиумска руда за производство на батерии.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на неделава изјави дека е нормално луѓето да протестираат, но дека „Рио Тинто“ во Србија не го донел тој, туку претставниците на поранешниот режим и сегашната опозиција кои учествуваат на протестите и кои ги обвини за лицемерие.

Овие протести беа поддржани од опозицијата, со што се направи атмосфера на предизборна опозициона увертира во пресрет на претседателските избори во Србија, закажани за април следната година. Протестите во Белград се одржаа во исто време кога траеше и конвенцијата на владеачката Српска напредна странка СНС, на која актуелниот претседател Александар Вучиќ најави дека по 10 години се повлекува од претседателството на партијата, но дека има намера да се кандидира за реизбор како претседател на Србија во април следната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот