ВИДЕО | Андоновиќ: Поради игнорирањето на здравствените протоколи Иринеј стана втора жртва на Ковид од врвот на СПЦ

На 90 годишна возраст утринава на ВМА во Белград почина патријархот на Српската православна црква Иринеј. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.

Патријархот вчера беше во исклучително тешка состојба и беше поврзан со уредите за одржување на работата на виталните органи. Српската православна црква во четвртокот на својата веб-страница објави дека состојбата на патријархот на Српската православна црква е влошена и дека покрај другите, за неговото здравје се грижат и руски лекари.

Досега имаше неколку информации во врска со здравствената состојба на патријархот, една од нив беше дека неговата состојба е влошена, а потоа, беше објавена информација дека неговата состојба се стабилизирала. Сепак, ситуацијата се променила, паднало нивото на кислород во крвта на патријархот, по што неговата состојба се влошила.

Иринеј заврши во болница четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие во Црна Гора. 83 годишниот Амфилохие почина на 30 октомври како последица на Ковид-19. Литургијата тогаш ја предводеше Патријархот Иринеј и покрај жестоките критики дека има голем број насобрани граѓани и дека не се запазени протколите за погреб на починат од заразен болест, погребот беше изведен со сите верски обреди.

Патријархот Иринеј покрај ковчегот на упокоениот Амфилохие Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Тогаш јавноста им забележуваше на црковните власти дека ковчегот на Амфилохије иако починат од заразната болест Ковид бил отворен како и дека голем број на верници својот последен поздрав кон упокоениот митрополит го направиле со бакнување, ризик за пренесување на болеста. Овие критики беа игнорирани од страна на Црквата но и на српскиот државен врв кој присуствуваше на погребот. И српскиот претседател Вучиќ и лидерот на босанските Срби Додик, како и целата српска елита, на погребот не носеа заштитни маски, нешто за што во други прилики секојдневно апелираат.

Губењето на двајца високи црковни великодостојници на СПЦ во рок од 20 дена го подига алармот дека треба серизоно и во секоја прилика да се спроведуваат протоколите за заштита од Ковид.

Аларамот е вклучен, а Србија за денеска најави итна седница на Кризниот штаб поради Ковид-19. Оценката на властите во Белград е дека ситуацијата е „катастрофална“ и дека постои голем ризик од колапс на здраствениот систем. Во Србија вчера беше регистриран најголем број на заразени лица од почетокот на пандемијата – 6.109, а починаа 29 лица за 24 часа. Се очекува во текот на денот Кризнот штаб да донесе одлука за целосно затварање на Србија по 18 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот