ВИДЕО: Анчелоти знае како треба во Бразил – уживаше со пиво и млади девојки, а се сретна и со Роналдо
Славниот италијански стратег Карло Анчелоти очигледно брзо се вклопи во бразилскиот ритам на живот. Актуелниот селектор на Бразилската фудбалска репрезентација деновиве ужива во карневалската еуфорија во Сао Паоло и Рио де Жанеиро.
Препорачано
Во саботата беше дел од спектаклот во Анхемби во Сао Паоло, а веќе во неделата се појави и на познатата авенија Маркеш де Сапукаи во Рио, каде што заедно со милиони луѓе ја следеше парадата. Камерите го „уловија“ и како танцува во самба-школа, опкружен со три девојки, сцена што брзо стана хит.
View this post on Instagram
Посебно внимание привлече неговата средба со легендарниот Роналдо Назарио, кого своевремено го тренираше во Милан. Роналдо му мавташе на интересен начин за време на парадата, што дополнително ја загреа атмосферата.
Анчелоти се сретна и со поранешните бразилски фудбалери Денилсон и Амарал, а се дружеше и со музичката ѕвезда Лео Сантана. Токму Сантана, пред сите присутни, гласно побара од селекторот да го врати Нејмар во националниот тим, на што Италијанецот се насмевна.
✨ AURA PURA: Ancelotti 🍺 tomando una cerveza en el Carnaval, saludando al Fenómeno Ronaldo y al Denilson 🇧🇷🙌🏻⚽️
— Santiago Ravidlas (@SantiRavidlasPy) February 16, 2026
Sol.
Playa.
Mujeres.
Fiesta.
Lejos del Real Madrid.Carlo Ancelotti ha rejuvenecido 20 años en Brasil. pic.twitter.com/6lRwnUFC0z
— (fan) gam (@mbaafraude) February 15, 2026


