ВИДЕО | Амет: Ромите имаат поголем пристап до образованието и до стипендии, но не и до државната администрација

Ромското население во Република Северна Македонија е меѓу најпогодените од економската криза и како ранлива категорија заслужува поголема помош од државата во повеќе сфери, како и во однос на субвенциите за плаќање на сметките за струја.

-Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите што го имплементира Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ се фокусира на активности кои што се во насока на зајакнување на ромската заедница на локално ниво, нивно вклучување како активни лидери во насока на планирање и имплементација на стратешките документи на национално и локално ниво, изјави за Утрински брифинг Сибел Амет од организацијата „Ромалитико“.

Во однос на проблемите со кои се соочува ромската заедница, Амет рече дека во некои сфери нема одреден напредок.

-Се забележуваат некои подобрувања во однос на образованието, пристапот до стипении е зголемен, иако се уште се наоѓаме во ситуација во која одредени прашања остануваат нерешени, а биле претходно покренати, како вработување во државната администрација, рече Амет.

Таа ги објасни проектите кои се спроведуваат за помош на ромското население со цел поголема инклузија на Ромите во општеството.

-Она што ние го правиме конкретно во рамките на прокетот на УСАИД за инклузија на Ромите е тоа што имаме ангажирано теренски соработници во над 17 општини во Македонија, кои што работат на локално ниво со ромската заедница, во насока на правно зајакнување, правна помош, економско зајакнување, работа со претприемачи Роми, поддршка на колективни прашања, изјави Сибел Амет која е и програмски координатор на проект на УСАИД за инклузија на Ромите.

Организација ќе поднесе допис до Министерството за економија за реобјавување на огласот за субвенции за струја за лица со ниски примања.

-Станува збор за мерка која може да им помогне и на ромските домаќинства. Веднаш излеговме на терен во 17 општини за да им помогнеме на ромските граѓани кои се загрозени да ги соберат потребните документи за апликацијата, а има и документи кои треба да се соберат и за тоа е потребно време, но има и трошоци за нотар итн, што е премногу сложено за ова ранлива категорија граѓани, рече Амет.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот