ВИДЕО: Американската армија заплени брод со руско и кинеско оружје во Арапското Море

Американски ракетен крстосувач заплени неозначен брод во Арапското Море кој носел голема пратка руско и кинеско оружје.

Американските власти во моментов утврдуваат од каде потекнува и кон каде се движел бродот.

Според официјалниот профил на Твитер на Петтата американска флота, операцијата била спроведена во неутрални води од страна на екипажот на ракетниот крстосувачи „Монтереј”.

Американската армија соопшти дека на бродот биле пронајдени илјадници руски и кинески митралези, како и руски противтенковски ракетни системи и снајперски пушки.

Пронајденото оружје е запленето, а екипажот на бродот кој пренесувал нелегален товар бил ослободен откако бил испрашан. Американските власти сега утврдуваат од каде потекнува оружјето и каде требало да биде пренесено.

Ова не е првпат американски брод да заплени голем товар на оружје во Арапското Море. На почетокот на 2020 година, американската војска заплени ирански брод со оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот