ВИДЕО | Амбасадорот на Македонија во Србија Тупанчевски: Соработката со Србија може да биде подобрена во секоја форма
Моето присуство во Србија ќе значи уште една додадена можност и додадена вредност за добрите односи меѓу овие две соседни и пријателски држави. Соработката може да биде подобрена, да биде потврдена, како на културен, економски, академски поглед, така и во секоја друга форма на соработка, изјави за МИА новоименуваниот вонреден и ополномошен амбасадор на Северна Македонија во Белград, проф.д-р Никола Тупанчевски кој во петокот на српскиот претседател Александар Вучиќ, на свечена церемонија му ги предаде акредитивните писма.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Со ова Тупанчевски, по пауза од седум години, стана шестиот македонски амбасадор во Србија. Тој е долгогодишен професор на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“’ во Скопје, доктор на правни науки и професор во областа на казненото право. Во периодот од јануари 2022 до 2023 година беше министер за правда.
-Самата посета во последниве десетина денови на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на нашата држава преставува потврда и верификација на добрите односи што беа воспоставени со иницирање на проектот Отворен Балкан. Во таа насока, моето присуство во Србија ќе значи уште една додадена можност и додадена вредност за добрите односи меѓу овие две соседни и пријателски држави. Во таа насока, сметам дека соработката може да биде подобрена, да биде потврдена, како на културен, економски, академски поглед, така и во секоја друга форма на соработка, вели тој во интервју за МИА.
Тој додава дека акцентот на неговите активности ќе бидат на економско поле.
И во моментов се започнати одредени процеси што треба да се надградат и да преставуваат добра можност за стопанствениците и од едната и од другата страна, без никакви бирократски пречки да ја обавуваат својата дејност.И последниве денови имаме потврда на тоа дека навистина постапките и процедурите се поедноставуваат, со тоа што доаѓа период каде српските и македонските стопанственици ќе имаат можност да ги постигнат своите резултати и да ја потврдат соработката меѓу двете држави, додава тој.
Тупанчевски истакна дека македонското малцинство во Србија е бројно и ги остваруваа своите права.
Еве уште една можност да продолжиме и натаму со нивното позиционирање во српското општество и во доплнителното остварување на оние работи што досега ги немаат остварено. Меѓутоа она што загрижува во овој момент е што меѓу последниот попис и претпоследниот попис, во оваа временска рамка, голем број Македонци веќе не се составен дел од оваа држава. Не навлегувам во причините затоа што тоа е веројатно балкански синдром, каде што младите луѓе заминуваат во други држави трагајќи по нови можности, но дефинитивно таквиот тренд би требало да застане, да се запре и истовремено да се афирмираат сите вредности кои што имаат европски стандард, вели Тупанчевски.
Извор:МИА


