ВИДЕО | Алиу: Ништо не треба да се остави на саморегулација, рамката за медиумите треба да ја креираат новинарите

Азир Алиу - министер за информатичко општество и администрација / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Министерството за информатичко општество и администрација во чиј домен се и медиумите подготви измени на законите за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми. Новинарските здруженија веќе реагираат дека се против тоа онлајн медиумите да влезат во законска рамка, туку нивната работа да остане во доменот на саморегулација, преку еснафските здруженија.

-Во МИОА има три работните групи кои работата на нетрадиционалните медиуми. Сметам дека ништо не треба да се остави на саморегулација, но од друга страна не сум за стрикно регулирање на меидумите зошто ги гушите новинарите и таа иновативност внатре. Затоа заедно со новинарите тие сами да креираат рамка, но рамка мора да има. Имаме недоволно информирани граѓани што е фејк њус што е реалност, недоволно информирани студенти и ученици кај да читаат и што да читаат. Недоволно информирани политичари и јавна администрација како да се однесуваат со граѓаните и колку да бидат транспарентни и тој екосистем мора заедно да го работиме. Мора државата заедно со фелата да седнат и да бидат реални. Да ги дефинираат проблемите кои ги имаат онлајн медиумите, а ги има многу. Ја се изненадив колку е голема вашата редакција, а од друга страна има медиуми со еден вработен. На крајот на денот од оваа гледна точка сте исти. Значи и тој е оналајн медиуми и вие, но резултатот и квалитетот не е ист, дециден е министерот Алиу.

Тој го гостувањето во емисијата „Слободен печат“ потенцираше дека прашањето на онлајн медиумите е многу сензитивно, па дури и во Европската унија.

-Нема јасно дефинирана ЕУ директива за ова, се говори јавно каде е линијата помеѓу регулација и задушување на слободата на медиумите и мора да бидеме јасни да не направиме поголема штета отколку регулација. АВМУ е надлежна за креирање на вредности во медиумите. Има и Невладини организации кои се занимаваат со етика во медиумите, имаат и повеќе средства од државните медиуми. Ние како држава мора да ги препознаваме медиумите како такви. Во моментов секој ден се креираат и секој ден умираат дел од медиумите и некои од нив се креираат со намера, на пример се креира медиум да оцрни некоја институција па ќе го снема од етер. И тоа не треба да се дозволи, заради вас и заради граѓаните. Етичен пристап, професионален и мора да се знае и одговорноста на крајот на денот за секој од нас, нагласува Алиу.

Министерот за измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои, на некој начин се воведува државно финансирање во приватните медиуми за кое реагираа веќе новинарите и експертите, рече дека тоа е сепак потребно.

-Државата мора да креира амбиент за слобода на медиумите. Ако се плашите, ако еднаш е залоупоребен некој процес. Заклучок со експертите е декаво овој период најдобро е државата да вложува во тој амбиент на медиумите за да има различност во медиумите. Сите медиуми, веќе законски ќе се знае дека ќе имаат прилив од државата за да работат. Ќе има транспарентна распределба на средства. Дражвата ќе одвои средства, вие како медим да бидете отчетни во нивното користење. Но тие средства не можат да се потрошат за луксуз, туку за обуки, инфраструктура, нови технологии, додава министерот.

На реакцијата од новинарските здруженија дека нема потреба овој закон да се носи по скратена постапка, со европско знаменце, министерот е дециден:

-ЕУ знаменцето е поради тоа што има вредности кои се поврзуваат со ЕУ директивите. Кампањите нема да бидат дефинирани од Владата туку од собрание, од собраниско тело. Во цел свет е така.  На пример сега работиме интензивно на дигитализација на јавна администрација за намалување на корупција брзо и ефикасно. Зошто да не бараме јавна кампања за тоа. Државните кампањи заради тие трауми што ги имаме ги поврзуваме со таков тип на притисок кон медиумите, но нема да биде така, уверува Алиу.

Целиот разговор со министерот Азир Алиу погледнете го во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот