ВИДЕО: Алисон го спаси Ливерпул, мируваа мрежите на „Енфилд“!

Фото: EPA-EFE/Phil Noble/POOL

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 0:0 во 19 коло од Премиер лигата. Дуелот одигран на стадионот „Енфилд“ помеѓу двата најголеми англиски клубови не ги оправда очекувањата.

Јунајтед во првото полувреме повеќе фокусиран на одбраната, што повторно се покажа како добро решение, бидејќи Ливерпул како и на некои претходни мечеви во кои ривалите играа слично, не можеше да најде „пукнатина“ во дефанзивниот дел. Роберто Фирмино се обиде двапати, но слабо реагираше.

„Црвените ѓаволи“ можеа да изненадат преку своите контри, а најдобрата шанса ја имаше Погба во 75 минута кога влезе во казнетиот простор по десната страна, беше во одлична позиција, шутираше, но само право во Алисон. Бразилскиот голман во вториот дел го одбрани и ударот на Бруно Фернандеш од пет метри, иако Португалецот слабо ја зафати топката.

Ливерпул во вторите 45 минути не беше многу активен во нападот, па на крајот може составот на Јирген Клоп да биде задоволен од бодот, иако после новото реми му ја препушти втората позиција во генералниот пласман на Лестер.

Екипата на Оле Гунар Солскјер остана на врвот со 37 бодови, следува Лестер (35), пред Ливерпул (34), Тотенхем (33) и сите имаат по 18 одиграни натпревари. Шанса се отвора за Манчестер сити кој е петтопласиран (32), со два меча помалку.

ВИДЕО: Тотенхем сигурен кај „фенерџијата“, мајсторија на Ндомбеле!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот