ВИДЕО: Али Февзи се колне во Алах дека не крадел пари од сметката за донации

Хуманитарецот Али Февзи за чија хуманитарна работа пишуваше Слободен печат е тема на критика на социјалните мрежи. Имено, тој е директно нападнат од мајка на двомесечно бебе, коe не ја преживеа операцијата во Турција.

Траор во семејството Мемиши: Хуманитарецот Али собираше донации за нашето бебе кое почина, не сме сигурни дека ни ги даде сите!

Али на бебето му обезбеди пасош по итна постапка, средства за партиципација и за трошок, за што ја имаше објавено сопствената трансакциска сметка. По неуспашната операција, мајката од Али побарала дополнителни средства за кои тврди дека биле праќани на сметка на хуманитарецот.

Тој се колне во Алах дека ниту еден денар од парите на болното дете не го злоупотребил за себе, а како доказ ни ја покажа состојбата од неговата трансакциска сметка. Покрај тоа додава дека мајката на болното бебе му била благодарна што им помага за спас на детето и се чуди зошто одеднаш се обидува да го оцрни во јавноста. 

 

Точно е дека на сметката стигнаа 300 фунти но тие пари се предвеме потрошени, бидејќи ние го плативме погребот на бебето. Сепак, на сметката од погребалното претпријатие се потпиша роднина на бебето. Јас се колнам во Алах дека хуманитрарната работа ја работам од срце и на никого лошо не сум направил. Еве ќе ги спомнам и луѓето од Пинтија. Тие ме обвинуваат дека сум им дал само 20.000 денари а имало повеќе на сметката. Но, јас тврдам дека на сметката немаше повеќе пари, толку беа, едноставно донирањето не е толку распространето како што се мисли, тврди Али.

Проследете ја неговата изјава во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот