Дац и Александар - Фото Кристијан Теодоров

ВИДЕО | Александар и Дац му подарија на Скопје музичка честитка по повод 81 година од ослободувањето на градот

На денешен ден пред 81 година, Скопје го дочека своето најсветло утро, утрото на слободата. Во маглата на ноемвриското студено небо, се слушал храбриот чекор на партизаните кои го ослободија градот и ни подарија можност повторно да дишеме, да пееме и да сонуваме слободно.

Денес, со гордост и љубов, се сеќаваме на тие јунаци и ја славиме вечната младост на нашиот град. Скопје, град на болката и убавината, на песните и насмевките и денес повторно пулсира со истата сила која ја носи од тој далечен 13 ноември.

По тој повод, Александар и Дац му ја подарија својата музичка честитка на својот роден град, а истата ја објавија на својот инстаграм-профил.

– Среќен роденден, Скопје! Ова е нашата музичка честитка за градот што нè научи да сакаме, да пееме и да се смееме – напишаа тие под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот