ВИДЕО | Активисти испуштија розов чад во Ватикан за време на конклавата

Во Рим, денеска католички активисти запалија факел што испушта розов чад, барајќи на жените да им се дозволи да бидат ракоположени во Римокатоличката црква, додека е во тек конклавата за избор на 267-миот папа.

„Им велиме на кардиналите дека не можат постојано да игнорираат 50 проценти од католичкото население, не можат да влегуваат во заклучена соба и да зборуваат за иднината на Црквата без половина од Црквата“, рече активистката Миријам Дуигн.

Таа рече дека следниот папа мора да биде „доволно храбар“ за да се справи со прашањето за поголема вклученост на жените во Црквата, објави Гардијан.

Таен процес во Систинската капела: Кардиналите затворени, светот го чека новиот папа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот