ВИДЕО | Ајрленд Болдвин искренo: Ме силуваа кога бев тинејџерка… Подоцна во животот абортирав

Ајрленд Болдвин
Ајрленд Болдвин / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ќерката на актерот Алек Болдвин, Ајрленд Болдвин сподели видео на „ТикТок“ во кое откри дека била силувана како тинејџерка и дека подоцна во животот абортирала.

Ќерката на Алек Болдвин: Ме силуваа како тинејџер, подоцна во животот абортирав

„Денес нема да кажам детално што се случи“, рече таа, „Ме силуваа кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога се случило тоа. Тоа го промени текот на мојот живот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

„Со години на никого не му кажав за инцидентот, освен на медицинската сестра која ме прегледа. Таа тајна ја чував со години и истата мене и на луѓето што ги сакам, ни предизвика многу болка“, објасни таа „Многу пиев, се забавував, бев во насилни и токсични врски и пријателства… Најчесто правев се што можев за да си го одвлечам вниманието“, додаде таа.

@irelandshmireland I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights ♬ original sound – Ireland

„Гледајќи толку многу други храбри жени кои ги споделуваат своите приказни ме натера да размислувам за тоа како би изгледал мојот живот доколку забременев и морав да одгледам бебе за време на сето она низ кое поминував во тоа време“, рече таа. „Имајте на ум, имам медицински ресурси, пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ireland (@irelandirelandireland)

„Подоцна во животот, неочекувано забременив со мојот дечко, во тоа време тој прилично јасно ми кажа дека никогаш не сакал деца или брак. Решив да абортирам затоа што точно знам какво е чувството да се родиш од двајца луѓе кои се мразат“, раскажа Болдвин. „Се избрав себеси, и повторно би се избрала. Тоа е твој живот, тоа е твој избор“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот