ВИДЕО | „Ајдуци“ приредија спектакл за 100. роденден на ФК Беласица

Фото: Screenshot

Популарната навивачка група на ФК Беласица, „Ајдуци“ по повод јубилејот од сто години од основањето на клубот приредија вистински спектакл.

Стадионот „Младост“ во Струмица „гореше“ од „баклијадата“ која беше снимена со дрон.

„Една и единствена нашата Струмица како и нејзината најголема гордост ФК Беласица, една целина која ја исполнува душата и срцето на секој струмичанец, засекогаш. Одбележување на сто години гордост на градот, ФК Беласица, како и денот на нашиот град Струмица“, истакнаа од навивачката група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот