ВИДЕО | Ај речи „паляницја“ – украински артилерци на чуден начин заробија руски борец кој се претставувал како азовец
Заробениот Русин, по име Олег, не бил обичен регрут, туку саботер задолжен да ги предводи руските диверзантско-извидувачки групи во самиот град и да го подготви теренот за евентуална инвазија однатре.
Украинските артилерци од 28. механизирана бригада заробија руски саботер за време на акција во градот Костјантиновка, во Доњецката област, пренесе Индекс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според соопштението на бригадата, ова е првпат нивните припадници да заробат војник, нешто што ретко се поврзува со артилериските единици.
„Нашите топници направија нешто што никој не би очекувал од нив – заробија непријател. Првпат. Не можеме со сигурност да тврдиме, но веројатно е прв ваков случај што се случил во овој војна“, се вели во соопштението.
Заробениот Русин, по име Олег, не бил обичен регрут, туку саботер задолжен да ги предводи руските диверзантско-извидувачки групи во самиот град и да го подготви теренот за евентуална инвазија однатре.
Неговиот план не успеал – украинските војници го откриле и го заробиле, со што ги спречиле намерите на окупаторот да ги зајакне своите позиции во Костјантиновка. Иронијата, како што велат, е што токму артилерците, кои обично дејствуваат од далечина, овојпат делувале лице в лице.
Украинските војници во видеото објаснуваат дека забележале човек во руска униформа додека барале дрон на оддалеченост од околу еден километар.
Кога му се приближиле, тој се преправал дека е борец на полкот „Азов“, но го издал неговиот акцент.
Му побарале да го изговори зборот „Паляницја“ – традиционален украински леб – што Русите тешко го изговараат правилно поради гласовите „ц“ и „ня“. Така бил разоткриен. Кога го насочил оружјето кон украинскиот војник, бил ранет во ногата и заробен.
Заробеникот изјавил дека се вика Олег и дека доаѓа од рускиот град Пенза. Му била укажана медицинска помош и му било дадено јадење, а украинските војници му порачале дека ќе биде разменет. Според нив, тој се бори веќе повеќе од три години.


