ВИДЕО | Aдам Левин од „Maroon 5“ беше грабнат од обожавателка среде настап

Адам Левин
Адам Левин/колаж

Инцидентот со обожавателката се случил „од ведро небо“ додека бендот „Мaroon 5“ имале настап викендов.
Фронтменот Адам Левин го пеел хитот „Sunday Morning“, кога една залетана обожавателка одеднаш му скокнала на пејачот на сцена и го грабнала. На Тик-Ток платформата веќе е вирално видеото на кое се гледа како обезбедувањето ја тргна девојката од Адам, кој може да се види дека пцуе и нелагодно се „стресува“ пред да продолжи назад со настапот.

@luispenaloza9525Adam Levine was a whole mood yesterday💀 #Fyp #ForYou #Maroon5 #AdamLevine #Hollywood #HollywoodBowl♬ Sunday Morning – Maroon 5

Вакви сцени не се реткост кога станува збор за популарни ѕвезди и нивните фанови. Сепак, во изјава за медиумите, по овој настан, Адам Левин изјави:

“Сакам да се изјаснам околу инцидентот на Холивуд Боул и фанот кој ми доаѓа на сцена“ – вели тој. „Секогаш сум тој што ги сака, почитува и ги обожава нашите фанови. Без нив ние нема да имаме работа, тоа постојано им го зборувам“.

Многу луѓе на социјалните мрежи го нарекуваа „арогантен и дека настапил со понижување“, но тој на тоа врати дека тој ја работи својата работа и мора да биде искрен околу ситуацијата.

„Се надевам дека сите се разбираме околу сево ова“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот