Аца Лукас / Фото: Инстаграм/Аца Лукас

ВИДЕО | Аца Лукас: Ќе размислам дали пак ќе настапам во Македонија, ова беше акција на државниот врв против мене

Српскиот пејач Аца Лукас вели дека акцијата со неговото приведување нема да остане неразјаснета. „Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого,“ вели тој.

Српскиот пејач Аца Лукас вели дека приведувањето било акција насочена лично кон него и дека неговото приведување во Кавадарци било со директна наредба од државниот врв.

– Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт – тврди тој.

Лукас вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.

– Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого – рече тој.

Пејачот опиша дека полицијата го прекинала концертот половина час пред крајот, додека целиот бенд бил на бината, а само тој бил однесен во станица. Вели дека не бил уапсен, туку сам влегол со своето возило и дека таму му било кажано оти настапот не бил пријавен, иако, како што тврди, неколку дена претходно ја доставил копијата од пасошот согласно вообичаената процедура.

Аца Лукас казнет, ама и кафулето не издавало фискални сметки

 

Тој додава дека цела ноќ поминал во полициска станица, дека не му било дозволено да се врати во хотел, а утрото да чека судија за прекршоци. Вели дека полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле во име на македонскиот народ.

– Сакам да истакнам дека соработував со институциите и постапив коректно во секој момент – посочува српскиот пејач.

 

ВИДЕО | Драма на настапот на Аца Лукас во Кавадарци: Полицијата го симна пејачот од сцената и го приведе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот