ВИДЕО | 100.000 учесници на геј парадата во Тел Авив, спречен напад врз учесниците

Повеќе од сто илјади луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Тел Авив, барајќи еднакви права за лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и трансродните лица (ЛГБТ).

По Парадата, треба да се одржи концерт на пејачот Еден Алена, израелски претставник на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија. Настанот бил откажан минатата година поради пандемијата.

Пред почетокот на парадата, полицијата уапсила човек од Тел Авив за наводно планирање напад врз насобраните, соопштија властите. Осомничениот бил вооружен. Тој имал пиштол за зашеметување и нунчаки, се вели во соопштението.

Во 2015 година, радикален ултраортодоксен Евреин избоде до смрт тинејџер кој учествувал во геј парадата во Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот