Вицепремиерот Димитров на средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров,  денеска имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо, соопштија од СЕП.

Вицепремиерот Димитров при ова средба изразил задоволство од одличната соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања, како национална институција задолжена за координација на странска помош со Амбасадата на НР Кина, како и со Канцеларијата за економска и трговска соработка при Амбасадата на НР Кина. Од почетокот на пандемијата предизвикана од ковид-19, Кина и Северна Македонија имаат блиска соработка во справувањето со последиците, првенствено од здравствен, но и од економски аспект.

На средбата е разговарано и за спроведувањето на кинеската поддршка за одобрени проекти во износ од околу 14 милиони евра за кои веќе се потпишани договори, односно средствата ќе бидат искористени за подобрување на здравствените и социјалните услуги, опремата за Лабораторијата за молекуларна биологија и  реализација на проектот за е-образование во втора фаза.

Во следниот период акцентот на развојната соработка ќе биде ставен на здравството и економското закрепнување од пандемијата, информираат од СЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот