Ви го препорачуваме виното Axios (Merlot barrique) 2016 од „Стоби“

Axios (Merlot barrique) 2016 е уникатно мерло со вариететен карактер, елегантен, минерален, со зачински ноти, одлежан во дабови буриња. Неговата сјајна и интензивна рубин нијанса, продорните тонови на бибер и ароми од црвено овошје, со мирис на даб, ги будат сетилата со својата концентрираност, мекост и топлина, која асоцира на реката Вардар по која го има добиено своето име. Најдобро е да се служи на температура од 15-17°C. Бербата е од сопствени плантажи.

Вински ноти

Боја: виолетова боја со рубин нијанси

Ароми: интензивна арома на црн пипер со елегантни зачински примеси и пенетрирачки ароми на црвени овошја

Вкус: зачински ноти преплетени со извонредни минерални тонови. Кадифено меки танини.

Винарска белешка: концентрирано мерло со заокружено тело. Свиленкаста текстура со долг и изразит послевкус исполнет со нежни танини, овошна киселкавост и богата минералност.

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со јагнешко, телешко, печено свинско, зрело сирење, и благи печени костени

Служење: препорачуваме служење на температура од 15-17°C

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот