Весли Кларк / Фото: EPA/EFE / MATTHEW CAVANAUGH

Весли Кларк: НАТО немаше да ги бомбардира хрватските и бошњачките сили ако влезеа во Бања Лука

Американскиот генерал и поранешен врховен командант на сојузничките сили во Европа, Весли Кларк, изјави дека НАТО не би ги бомбардирал  силите на Армијата на БиХ, хрватска армија и Хрватскиот совет за одбрана, доколку тие влегле во Бања Лука во септември и октомври 1995 година, објави klix.ba.

„Не, ние немаше да ги бомбардираме тие единици, а според мене, Дејтонскиот договор ќе беше дополнително зајакнат, но одлуката за запирање беше донесена затоа што Федерацијата на БиХ во тој момент држеше приближно 51 процент, што беше предвидено во договорот. Исто така, постоеше загриженост дека српските сили би можеле да започнат контраофанзива од Србија“, рече Кларк во интервју за сараевскиот портал Кликс (Klix.ba).

Прашан дали силите на Армијата на Босна и Херцеговина била воено способни да ги окупира Бања Лука и Приједор во есента 1995 година, тој одговори дека „доколку не биле запрени, можеби ќе ја окупирале Бања Лука“, додавајќи дека „моментумот е одлучувачки“ во војната.

„Откако ќе го изгубат, не можат да го вратат“, рече Кларк.

На прашањето како ги коментира тврдењата изнесени во мемоарите на некои хрватски политичари и генерали дека неуспешната операција „Уна-95“ на хрватската армија била започната на барање на американското воено и политичко раководство, тој одговори дека официјалната приказна е дека тие добиле „жолто светло“ од Белата куќа.

„Ова беше откриено за време на конгресното сослушување. Бев на состанок во Пентагон каде што на тогашниот хрватски министер за одбрана Гојко Сушек му беше кажано: Не, немој да го правиш тоа. Тоа беше во јули 1995 година“, рече Кларк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот