Вештачката интелигенција нема да ги замени агентите, вели првиот човек на британската МИ6

Шефот на Ми6, Ричард Мур/ Фото Richard Gardner / Shutterstock Editorial / Profimedia

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе го промени светот на шпионажата, но нема да може да ги замени агентите, изјави денеска шефот на британската разузнавачка агенција МИ6, Ричард Мур.

Мур во Прага зборуваше за растечката закана за Западот што ја претставуваат Русија и Кина и објасни дека „човечкиот фактор“ ќе остане клучен во ера во која машините кои имаат способност да учат самостојно се развиваат сè побргу.

– Вештачката интелигенција ќе ги направи информациите многу подостапни, а некои се прашуваат дали тоа ќе ги остави без работа разузнавачките служби како мојата, рече Мур.

Наместо тоа, објасни тој, додека вештачката интелигенција френетично пребарува низ морето од отворени информации за да ја заврши задачата, знаењето за „совршено замавнување со добро направен мамка право во тајно место што мрежата со вештачка интелигенција не може да го погоди“ ќе стане уште повредно.

– Уникатните карактеристики на агентите на вистинското место ќе станат уште позначајни бидејќи шпионите се способни да влијаат на одлуките во рамки на влада или терористичка група, рече Мур.

Тој подоцна денеска ќе зборува во резиденцијата на британскиот амбасадор во Прага за рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина.

Во претходно објавениот говор подготвен за обраќање во резиденцијата, шефот на британското разузнавање напиша дека ја обвинува Русија и за „империјализам“ во Африка. Тој, исто така, го обвини Иран дека поттикнува натамошен конфликт во Украина со тоа што Москва ја снабдува со беспилотни летала и друго оружје и опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот