Весело во „Еден на Еден“ со глумците од „Дајте музика“ и „Гласна куќа“

Promo

Атмосферата на снимање на шоуто „Еден на Еден“ со Жаре одамна не била толку весела. Во недела, од 18.30 на Канал 5, гости ќе бидат главните актери од детската серија „Дајте музика“, заедно со тинејџерите од серијата „Гласна куќа“.

Јован, Наташа, Филип, Кики, Саша и Тео ги раскажаа сите забавни случки од снимањето на серијата, а и тие самите имаа интересни прашања и предизвици за Жаре. Јован го покани заедно да изиграат оро, Саша му нацрта оригинален портрет, Филип направи специјален стрип со сите во студиото како супер-херои, Анастасија и Тео донесоа рачни изработки, а Кики облечена во кимоно покажа професионална ката. Ќе гледаме и интересно гитарско дуо со Филип и Јован.

Promo

Поголемите колеги на „Дајте музика“, тинејџерите од „Гласна куќа“, Кристина, Кристијан, Софија, Јована, Никола, Мина и Давид изглумија еден специјален скеч од серијата.

Одблиску, доживувањата со малите глумци ќе ги раскажат и Весна Бејби Петрушевска и Цаци Паковска. Најавата за емисијата повеќе ќе ни открие што ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот