Верувања: За Нова година не заборавајте да облечете нешто црвено

Според верувањето, идната година би ни била исполнета со љубов и задоволства доколку вечерта на        31-ви декември не заборавиме на црвената боја.

На Западот ова верување е преземено од азијските земји, а со текот на времето стана дел и од популарната култура преку која влегува и во модниот свет. Набрзо носењето на црвена долна облека почна да се поистоветува со значењето на црвената боја воопшто, за на крајот секое модно парче и моден додаток, вклучувајќи го и црвениот кармин или лак за нокти, да го добијат истото значење.

Не е важно дали спаѓате во групата на оние кои веруваат или не во моќта на црвената боја, носењето на црвената боја за новогодишната ноќ ќе ве направи да се издвоите од „толпата“, и секако ќе останете забележани, што е доволна причина да облечеме црвено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот