„Веро џамбо“ денеска прв ги отвора бутиците, „Рамстор“ утре, „Сити мол“ во петок

„Веро џамбо“ денеска ги отвора вратите за своите посетители. Оттаму велат дека се целосно подготвени да ги запазат протоколите за спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот.

Во молот „Рамстор“ бутиците ќе почнат со работа утре, а во „Сити мол“ и во „Капитол мол“ од петок.
Од „Скопје сити мол“ и од „Капитол мол“ велат дека нема да работат во неделите, а другите денови ќе работат од 10 до 18 часот.

„Со цел да го подготвиме трговскиот центар во најдобар ред како и продавниците да бидат спремни за отварање сакаме да ве известиме дека трговскиот центар ќе биде отворен на 15 мајво 10:00 часот. Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите. Се надеваме и посакуваме брзо да се вратиме на старите добри и успешни патеки заедно со вас. Како менаџмент на „Скопје сити мол“ работевме и се уште работиме на тоа, повторното отворање да биде што посигурно и побезбедно за нашите вработени, вработените во продавниците и посетителите на трговскиот центар, како и за сите инволвирани страни“, велат од „Скопје сити мол“.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за олабавување на мерките воведени поради коронакризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот