фото ЕПА

Венс го нападна Бајден: Немаше ништо христијанско во неговата политика за абортус

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека поранешниот претседател Џо Бајден за време на својот мандат застапувал „радикален став“ по прашањето за абортусот, залагајќи се тој да се изведува без никакви ограничувања, дури и до моментот на раѓањето на детето, пренесе Политика.

„Кога растев, демократите велеа дека абортусот треба да биде ‘безбеден, легален и достапен’. Но Бајден, како самопрогласен католик, сакаше абортусите да се финансираат со пари од даночните обврзници и да бидат достапни сè до самиот пороѓај. Без никакви ограничувања“, изјави Венс во подкастот Pod Force One.

Тој додаде дека политиката на Бајден предизвикала противење во црковните кругови и го пофали свештенството кое, како што рече, „останало доследно во одбраната на правата на неродените деца“.

Венс и претседателот на САД, Доналд Трамп, на 25 јануари учествуваа на традиционалниот Марш за живот во Вашингтон – најголемиот годишен собир против абортусот во земјата.

Трамп тогаш порача дека неговата администрација ќе стави крај на „спроведувањето на законите против верниците во Америка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот