Венера во Риби: Ќе ви донесе вистинска љубов, пречекајте ја!

Maxfield Parrish - Daybreak, 1922

Транзитот на љубовната Венера во Риби е еден од најповолните периоди во годината за остварување на соништата и за наоѓање сродни души кој ќе трае до 2-ри мај. Имаме можност да заздравиме, особено во однос на траумите од минатото или во нашите односи. Простете им на другите. Простете си самите. Отворете го вашето срце и дух за можноста дека љубовта и убавината постојат околу секој агол и во секој дел од универзумот.

Овен

Подгответе се да се чувствувате особено сензуално и чувствително. Ќе чувствувате потреба да ги наполните вашите емоционални батерии зад затворени врати, или во опуштање со вашиот партнер. Сега е одлично време да ја испуштите болката што ја чувате во себе. Размислете за улогата што романтиката ја има одиграно за вас во изминатата година и како би сакале да ја подобрите понатаму.

Бик

Подгответе се да бидете екстра популарни. Со овој транзит на Венера ќе бидете фокусирани забава со вашите најдобри пријатели. Циркулирајте низ градот, организирајте забавни настани или поканите го на состанок вашиот романтичен интерес кој може да стане нешто повеќе. Онлајн состанувањето исто така ќе ви оди од рака овој период.

Близнаци

Кариерата ќе ви доживее огромен напредок. Додека Венера ги става вашите достигнувања во центарот на вниманието, вие ќе бидете на сечиј ум. Сепак, ова ќе биде поврзано и со тоа колку напорно сте се мачеле, па ако не гледате голема победа, тоа е поради вашиот влог. Барањето услуги од авторитети ќе биде поволно овој период.

Направете и наздравете: Совршениот коктел за секој хороскопски знак

Рак

Ѕирнете во вашиот распоред и размислете како можете да додадете повеќе зачин и уникатни искуства во неделите што доаѓаат. Всушност, некои од вас можеби планираат пат надвор од градот. Меѓутоа, ако сте заглавени поблиску до дома, потопување во култура и егзотичната храна може да биде токму она што ви треба. Венера може да ви помогне и во медиумските, академските и правните потфати.

Лав

Подгответе се да се чувствувате многу привлечно. Ова е одлично време за да запознаете некој, но посветените Лавови најмногу ќе уживаат во овој транзит. Друг начин на кој оваа атмосфера ќе ви помогне, сепак, е околу финансиските прашања, можеби привлекување бонус, наследство, исплата или помирување на долг.

Девица

Партнерството, заедницата и обврските сега ви се насмевнуваат. Иако да бидеме фер, енергијата низ целата година ќе ви донесе важен раст во односите, а периодот сега може да донесе и прекрасен пресврт. Очекувајте повеќе синергија, другарство и блискост. Паровите треба да чувствуваат поголема хармонија, додека самците можат да привлечат некого со долгорочен потенцијал.

Астро календар за април: Ваквото спојување на планетите се случува еднаш во животен век

Вага

Вашата владемелка Венера се движи во вашиот сектор на продуктивност. Животот ќе забрза темпо, но оваа енергија треба да донесе повеќе хармонија и афинитет во вашето вработување, како и да ви даде шанса да уживате малку повеќе во рамнотежа помеѓу работата и животот. Врските со соработниците или персоналот исто така ќе одат добро. Ако барате нова работа, оваа атмосфера многу ќе ви помогне.

Скорпија

Љубовта е во воздухот! Ова е еден од највеличествените периоди во целата година за слободните да редат состаноци и да се среќаваат со потенцијални партнери. Сексот ќе биде особено квалитетен сега. Сепак, посветените Скорпи не треба да се грижат, бидејќи можете да ја искористите оваа енергија за да ја зачините вашата врска или да направите бебе.

Стрелец

Подгответе се за повеќе хармонија и сладост да ви ги исполни срцето и домот. Додека Венера танцува во вашиот домашен сектор, ќе имате повеќе можности да го претворите вашиот животен простор во совршено светилиште. Купувањето нов декор или мека постелнина ќе ве направи многу среќни. Исто така, односите со вашето семејство значително ќе се подобрат.

Месечината во Рак: Како ќе влијае на хороскопските знаци во април

Јарец

Вашите зборови се магични во моментов. Сè што сонувате, размислувате и кажувате ќе има сладок допир. Фокусирајте се на брендирање, социјални медиуми, проекти за пишување или зборување и ќе бидете добро прифатени и успешни. Ако имате шанса да одите надвор од градот за импровизиран одмор, ќе си поминете незаборавно.

Водолија

Парите може да врнат како дожд од небо. Подароците, бонусите или дури и покачувањето може да ви донесат дополнителен приход. Сепак, овој транзит на Венера може да привлече прекрасни предмети, па ако сте на пазарот за нешто конкретно, внимавајте на намалувања.

Риби

Подгответе се да заблескате како ѕвездата што сте. Искористете го ова време за да ја ажурирате вашата гардероба, да направите каква било естетска хирургија или само да пробате некои нови креми за лице или фризура! Со впивање на овие прекрасни вибрации, ќе можете да привлечете секого и сè на што ќе погледнете. Прифатете ја романтиката, задоволството и интимноста.

Хороскопот открива какви ќе бидете кога ќе остарете: Јарците ќе се подмладат, Биковите ќе уживаат во богатството…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот