Месечината во Рак: Како ќе влијае на хороскопските знаци во април

дневен хороскоп

Месечината во првиот квартал од Рак значи дека одлучуваме што да пренесеме од новиот лунарен циклус. Четврт фазите помагаат да се разјаснат нашите планови. Сега треба да  му дозволиме на срцето да води. Станува збор за спојување на дејството (Овен) со интуицијата (Рак).  Пред да дејствувате, водете ги вашите планови од срцето.

Овен

Во последно време тонете во песимизам, но сега е вашата шанса да го надминете. Помеѓу лошите соништа и постојаното исчекување на катастрофа, се ставивте во ќош. Ова не личи на вас. Вие сте отпимисти кои можат да се справат со светот. Месечината во Рак ви ја дава оваа можност. Дејствувајте.

Бик

Веќе некое време сакате да направите нешто смело, но премногу се плашите од обидот. Не ви се допаѓа сопствениот кукавичлук, бидејќи знаете дека можете повеќе. Време да го исфрлите стравот од ризик низ прозорецот и да дојдете до искуството на животот. Со Месечината во Рак, ќе бидете во контакт со вашите чувства. Следете ги.

Близнаци

Кога станува збор за тоа што всушност сакате да правите со остатокот од вашиот живот бевте заглавени, а за време на Месечината во Рак, ќе се помирите со фактот дека е сега или никогаш. Дејството ве повикува, времето за седење е при крај. Можете или да продолжите понатаму или да одгледувате мувла и да не одите никаде.

Што ни носи планетарниот поредок во април: Емоции и бурна страст, но и многу драми

Рак

Вие сте на преломната точка, ментално и емоционално. Ви треба промена и тоа веднаш. Но, исто така, треба да сфатите дека вие ја правите промената во вашиот живот. Никој нема да ве спаси. Со Месечината во Рак, имате можност да ја зграпчите моќта за работите што прават да се чувствувате живи.

Лав

Забележавте дека сте се вратиле назад и дека не сте како порано. Тоа не е затоа што стареете, туку затоа што немавте храброст да бидете личноста за која знаете дека треба да бидете. Ова е клучен транзит за вас и треба да дејствувате сега или да го пропуштите возот.

Девица

Месечина во Рак одлучува, или го правите потегот или се повлекувате во нејасност. И ова е чисто поврзано со работата. Бевте добар, љубезен вработен и изгледа дека сте биле прилично злоупотребени поради вашата добрина. Да не зборуваме за недоволно платени. Ова е вашиот момент. Побарајте повеќе пари. Не дозволувајте оваа можност да помине.

Сонцето со спојува со Хирон: Ќе ги излечи најдлабоките рани

Вага

Вашето искуство со Месечината во Рак се врти околу љубовта. Можеби сте во врска која е напорна, но сепак жестоко се сакате. Вие сте или пред крај или пред план за нов почеток. Личноста што ја сакате е голем дел од вашиот живот. Вложете напор и направете компромис.

Скорпија

Вие сте исклучително чувствителни и интуитивни, а Полумесечината во Рак служи само да засили тоа. Ако имате нешто на ум, нешто што не е завршено или не сте обрнале внимание, време е да направите избор: или го правите тоа, или не. Но, знајте дека вашиот избор ќе одекнува во текот на вашиот живот. Изберете мудро и бидете активен учесник во сопствениот живот.

Стрелец

Се прашувавте дали треба да направите потег и да се посветите на љубовна врска. Има некој во вашиот живот кој во основа ве моли да се посветите, а тоа на некој начин ве излади. Месечината во Рак ви кажува директно да донесете одлука. Животот е краток. Или посетете ја оваа личност или ослободете ја. Не бидете себични.

Голем неделен хороскоп (04 април – 10 април): Близнаците ќе бидат успешни во проектите, а Стрелците ќе имаат голем прилив на пари

Јарец

Месечината во Рак, ќе ви донесе пресвртница во вашиот живот. Сè што ви треба е храброст да го направите потегот, а и само вие знаете каков е тој потег. Едно е сигурно, што и да одберете ќе го дефинира остатокот на вашата иднина. Ако промената е потребна, тогаш дејствувајте веднаш. Направете го она што мислите, нема повеќе време за губење.

Водолија

На 9 април нешто ќе завршите.  Има добри шанси тоа да биде поврзано со здравјето. Ова значи дека имате избор да го направите она што е правилно за вас или да одите по нездравиот пат кој  ве доведе до ова место. Мора да се запрашате дали начинот на живот што го живеете е вистинскиот за вас. Време е да ги промените лошите навики. Вашите напори ќе се исплатат.

Риби

Полумесечината во Рак е повик за будење. Дали го добивате она што го сакате од вашата работа? Дали сте платени колку што вредите, а ако не, зошто не? Ова е време или да прифатите дека ве користат или да направите нешто во врска со тоа.  Застанете зад себе.

Хороскопски знаци кои ќе останат со партнерот кој ги изневерил

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот