Венчавката на овие две жени стана вирална: Пред матичарот донеле нешто што никој не очекувал (ФОТО)
Фотографијата на невестите Зин Хернандез и Лиза Јанг од Њујорк како заедно дигаат тегови во своите венчаници, стана вирална.
„Тоа не беше само симбол на единство, туку и потврда. Ние сме силни, способни жени, но заедно сме уште посилни“, рекла Хернандез.
Зин и Лиза се сопственички на фитнес-центар во Бруклин. На идејата за дигање тегови на нивната венчавка дошле сосема случајно при разговорот со потенцијалниот диџеј.
„На почетокот ни беше смешно бидејќи таквото дигање не ни е примарна дисциплина. Но ниту еден вообичаен свадбен ритуал не ни се допадна, па моравме да размислиме што ни е заедничко. И така дојдовме до оваа идеја“, вели Зин.
Иако и Хернандез и Јанг можат самостојно да подигнат 253 кг, знаеле дека треба паметно да ја изберат тежината.
„Знаевме дека ќе мора да ги подигнеме теговите без загревање и дека поради венчаницата тоа ќе ни биде малку потешко. Затоа се одлучивме на оваа тежина“, додала Хернандез.
На денот на венчавката двете невести не биле толку загрижени за дигањето тегови.
„Не знаевме што ќе облече другата, па бевме повеќе возбудени околу тоа. Бев многу возбудена кога ја видов Хернандез во венчаница“, рекла Јанг.