EPA/DAVID CLIFF

Велшанецот Вилсон смета дека нема да биде лесно против „тешкиот“ тим на Македонија

Ноемврискиот дуел од квалификациите за СП во Кариф уште отсега е во мислите на Велшаните, слично како што е и во Македонија

Велшкиот фудбалер Хари Вилсон коментираше во врска со претстојниот меч на неговиот национален тим со Македонија кој според сите предвидувања ќе решава за тоа кој ќе биде второпласиран во нашата група и ќе оди во плејофот за пласман на Мундијалот по таа полесна „патека“.

Македонија сега е второпласирана со три бода над Велс, но одигра натпревар повеќе, а двата тима се среќаваат во последното квалификациско коло на стадионот Кардиф Сити на 18 ноември.

– Нема да биде лесно. Македонија покажа колку е тежок тим. Тие ремизираа двапати со Белгија и еднаш против нас. Кога ќе дојдат тука следниот месец, треба да покажеме дека сме навистина во врвна форма – изјавата на Вилсон е пренесена на повеќе медиуми од Островот.

Велс гостува кај последнопласираниот Лихтенштајн три дена пред тој натпревар, а на екипата на Крег Белами ѝ е потребна победа од шест или повеќе гола во Вадуц за да ја надмине супериорната гол-разлика на Македонија.

Ако го постигне тоа, на Велс ќе му биде доволно и реми против „рисовите“ во Кардиф, ако не, ќе мора да оди на победа.

Велс како и Македонија има речиси сигурно учество во плејофот преку пласманот во Лигата на нациите. Но, пласман во плејофот преку второто место во квалификациите за СП, носи полесен противник во таа фаза.

На Белгија ѝ се потребни само три бода од последните натпревари против Казахстан и Лихтенштајн за да ја освои групата, оставајќи ги Велс и Македонија во борба за второто место.

Фудбалерите на Велс нема да смеат да ги разменат дресовите во натпреварот против Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот