Фудбалерите на Велс нема да смеат да ги разменат дресовите во натпреварот против Македонија
Од моментот кога Крег Белами го презеде кормилото на велшката репрезентација во јуни 2024 година, воведе низа строги правила за дисциплина и посветеност, а едно од нив е дека фудбалерите не смеат да ги менуваат дресовите со противничките репрезентации по завршувањето на натпреварот.
Препорачано
Велс и Македонија се наоѓаат во битка за второто место во групата во квалификациите за Светското првенство и натпрееварот што ќе се игра на 18 ноември во Кардиф од 20:45 часот ќе да биде пресуден за тоа кој ќе оди во мундијалскиот бараж преку квалификациите. За нашиот национален тим ќе биде доволно и реми, доколку претходно Велс не постигне убедлива победа над Лихтенштајн (повеќе од шест гола разлика)
Сепак, како и на претходните натпревари под водство на Белами, така и во оваа пресметка, велшките фудбалери нема да имаат дозвола да ги разменат дресовите по натпреварот.
„Дресот не смее да се менува. Зошто? Затоа што премногу сте работеле за да го заслужите. Немојте да мислите дека сте доволно добри, па можете да го подарите. Можете да го вратите на тимот или да го чувате дома, тој е нашиот симбол. Дресот не треба да се допира, фудбалерите го разбираат тоа и го почитуваат“, изјави Белами, нагласувајќи ја важноста на честта и посветеноста кон националниот дрес.
“No shirt-swapping”
“No mobile phones at dinner”Craig Bellamy’s non-negotiables as a coach 🏴🫡 pic.twitter.com/IuhrlXEoTv
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 7, 2025
Преземено од: Спорт.ком.мк


