Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Велика Британија треба веднаш да испрати неборбени трупи во Украина, оценува експремиерот Борис Џонсон

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вели дека Велика Британија и нејзините сојузници треба веднаш да распоредат неборбени трупи во Украина, со цел , како што вели тој, ненадејно да му се „промени прекинувачот“ во главата на рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-би-си.

„Ако можеме да имаме план за војници на терен по војната, откако Путин се согласи да има прекин на огнот, тогаш зошто да не го сториме тоа сега?“ рече Џонсон.

Владата на Велика Британија моментално работи со своите сојузници на планирање „коалиција на оние што се подготвени“ за обезбедување сили за зачувување на мирот и стабилноста во Украина, но само ако има договор за завршување на војната.

Зборувајќи само неколку дена пред четвртата годишнина од војната, Џонсон, кој беше премиер во времето на инвазијата, исто така рече дека конфликтот можел да се спречи доколку западните сојузници обрнале поголемо внимание на зголемената агресија на Путин и неговата анексија на Крим во 2014 година.

И покрај обемната поддршка од Велика Британија, Џонсон оценува дека западните сојузници биле премногу бавни и претпазливи во обезбедувањето поддршка на Украина.

Во изминатите четири години, на сојузниците честопати им требале месеци за да се согласат да го испратат оружјето што го побарал претседателот Зеленски. Според Џонсон претпазливоста чинела животи.

„Секогаш непотребно одложувавме. Потоа на крајот им дававме на Украинците она што го бараа, а всушност тоа секогаш им служеше во нивна корист, а на штета на Путин. Мислам, единствената личност што страда од ескалација е Путин“ оценува Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот