Велика Британија го поздравува договорот на Косово со ЕУ за чекорите за деескалација на северот

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Министерството за надворешни работи на Велика Британија соопшти дека активно работи на смирување на ситуацијата на северот на Косово и дека го поздравува договорот на Приштина со ЕУ за следните чекори за деескалација, пишува Албанската пошта.

„Активно работиме со партнерите за деескалација на тензиите на северот на Косово и за охрабрување на враќање на дијалогот со посредство на ЕУ за да се обезбеди конечен и траен договор за нормализација меѓу Србија и Косово“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли, како што соопшти британското МНР, оваа порака му ја пренел на косовскиот премиер Албин Курти при посетата на Курти на Лондон на 26 јуни.

„Секретарот за надворешни работи минатиот месец ја истакна оваа порака до премиерот Курти на Косово и до премиерката Брнабиќ на Србија. Го поздравуваме договорот на Косово со ЕУ за следните чекори за деескалација, како што најави премиерот Курти на 12 јули“, беше соопштено.

Планот на ЕУ од три точки предвидува повлекување на елитните косовски полициски единици од околината на општинските згради на северот, повлекување на новите албански градоначалници од општинските згради, распишување предвремени избори во четири општини и гаранција дека локалните Срби ќе учествуваат на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот