Фото: Liverpool FC

Веќе нема никакви дилеми, познат е наследникот на Слот во Ливерпул

Aндони Ираола како што стојат работите и дефинитивно ќе биде нов тренер на Ливерпул, познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо со своето препознатливо „here we go“ потврди дека шпанскиот стратег постигнал конечен договор со раководството на клубот од „Енфилд“:

Ираола веднаш по објавата дека Арне Слот ќе ја напушти клубот се истакна како прв фаворит и сега се чека само официјална потврда од Ливерпул, која според Романо треба да пристигне во наредните неколку дена.

Во изминатата сезона, Ираола го водеше Борнмут со кој постигна одлични резултати и заврши на шестата позиција, веднаш зад Ливерпул. Борнмут на тој начин обезбеди пласман во Лигата на Европа и наредната сезона за првпат ќе игра во едно европско натпреварување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот