Ведан Стефановски и Ива Живковска го претставуваат македонскиот бадминтон на Европскиот младински олимписки фестивал
Од 21 до 26 јули се одржува Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје, Македонија ќе настапи со околу 200 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Наши натпреварувачи имаме и во бадминтон каде денеска настапија Ведан Стефановски и Ива Живковска.
Препорачано
Во групата 4 Стефановски на првиот ден имаше три натпревари и на сите претрпе порази. Во првиот меч подобар беше Даниел Леоновик од Литванија со 2:0 (21:5, 21:3), потоа победа славеше Естонецот Карл Матиас Педаи двапати со 21:9, а победа оствари и Словенецот Тим Брегар со 21:2 и 21:12.
Последниот меч во групата Стефановски ќе го има во вторник од 13.30 часот во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ Один Магнусон од Исланд.
Во женска конкуренција во групата 7 Живковска одигра еден меч во кој беше поразена од Холанѓанката Сара Стаатс со 21:9 и 21:12.
Следните три мечеви Живковска ќе ги игра во вторник, во 11.00 часот против Елза Анико Сандор од Унгарија, од 16.00 часот против Грузијката Кетеван Цамалаидзе, и од 20.00 часот противничка ќе биде Елена Попиванова од Бугарија.
На 24 јули во микс двојки ќе настапат Стефановски и Живковска кои за пласман во осминафиналето ќе играат против шпанскиот пар Санц Баракина и Лопис Марко.


