Вчерашниот инцидент во Полска е последица на руската агресија, вели Марјан Ѓуровски

Професорот и експерт за безбедносни прашања, Марјан Ѓуровски, вечерва во гостување на „Телма“ рече дека причината поради која вчера паднаа проектилите во село во Полска, во основа е руската агресија врз Украина.

„Добро што се утврди дека станува збор за украински, а не руски проектил, но според мене е особено важна причина што доведе до тој изолиран инцидент“, оценува Ѓуровски, кој е професор на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во вчерашниот инцидент, две ракети паднаа во селото Пжеводов на границата меѓу Полска и Украина, при што загинаа двајца луѓе. Полските власти посочија дека со голема веројатност може да се заклучи дека врз нивна територија паднале проектили на украинската противвоздушна одбрана.

„Тоа е руската воена агресија и нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на една независна држава и живеењето девет месеци, а веројатно и многу повеќе претходно во еден нестабилен и невралгичен период. Оттука, сметам дека во случајот се гледа јасната процедура што се почитуваше во Северноатлантската алијанса и при активирање на членот 5. Има ред, поредок, процедура. Не може еден поединец, како што во моментот го имаме Владимир Путин, да изврши напад на одредена територија, да изврши нарушување, човечки жртви, рушење на критична инфраструктура. Значи едно варварство на територијата на Евопската Унија и, пред сеѐ на европскиот континент“, рече Ѓуровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот