Бенјамин Шешко/Manchester United

Вчера во Премиер лигата видовме ситуација каква што немало никогаш претходно

Во вчерашната програма од англиската Премиер лига беа одиграни четири натпревари и сите четири завршија со идентичен резултат што е несекојдневен и историски случај во најсилната лига во светот.

Програмата започна во 15 часот со три средби. Брајтон славеше против Нотингем форест, Манчестер јунајтед беше подобар од Кристал палас, а Фулам го совлада Тотенхем. Заедничко за сите овие дуели беше тоа што завршија со резултат 2:1. Шлагот на тортата го донесе најголемото лондонско дерби меѓу Арсенал и Челси, кое исто така заврши со резултат 2:1.

Според новинарот Ендру Бисли, вакво нешто досега не се случило во историјата на Премиер лигата.

„Ова е првпат во историјата на Премиер лигата да се одиграат најмалку четири натпревари во ист ден и сите да завршат со ист резултат“, наведе Бисли.

Далечната 1995 година, пет од осум натпревари во Премиер лигата завршиле со 1:1, но никогаш претходно сите одиграни дуели во ист ден, а кога биле најмалку четири не завршиле со идентичен исход.

По ова коло, Арсенал продолжува да го брка шампионскиот трофеј во Англија и има пет бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити, но и натпревар повеќе. Голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите направи и Манчестер јунајтед, кој сега има шест бода предност во однос на позициите што не водат во најелитното европско клупско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот