Вчера Богдановиќ, денеска Динвиди погоди во последните секунди (ВИДЕО)

Во два дена, на два натпревари во НБА победникот се одлучува во последната секунда.

Бруклин нетс со 106:105 ја совлада Индијана пејсерс во најнеизвесниот натпревар во НБА лигата. Јунак на натпреварот беше Спенсер Динвиди кој постигна тројка во последните секунди од средбата. Токму Динвиди со 21 поен и 11 скокови беше најпрецизен кај Бруклин, додека Домантас Сабонис со 23 поени, 11 асистенции и 10 скокови беше прво име кај Индијана.


ЛА лејкерс без поголеми проблеми со 125:100 го победи Феникс санс и дојде до 40. триумф сезонава. Ентони Дејвис беше најпрецизен кај „езерцата“ со 25 поени и 10 скокови, но натпреварот го одбележа Леброн Џејмс кој постигна само 17 поени, но дојде до петтото место на вечната листа според бројот на погодени слободни фрлања. Џејмс дојде до бројката од 7328 поени дадени од слободни фрлања и го престигна Мајкл Џордан, додека пред него се уште Карл Мелоун, Моузес Мелон, Коби Брајант и Оскар Робертсон.


Денвер нагетс со 127:120 со победи Сан Антонио благодарение на големиот пресврт. Денвер на моменти губеше со 23 поени, но на крајот успеа да слави. Џамал Мареј со 26 поени беше најрецизен кај Денвер, додека Никола Јокиќ имаше учинок од 19 поени и 13 асистенции. Кај Сан Антонио, најрасположен за игра беше Ламаркус Олдриџ кој даде 33 поени.


Резултати:
Детроит – Шарлот 76:87
Индијана – Бруклин 105:106
Орландо – Атланта 135:126
Торонто – Минесота 137:126
Милвоки – Сакраменто 123:111
Далас – Јута 119:123
Денвер – Сан Антонио 127:120
Голден Стејт – Мајами 101:113
Лос Анџелес лејкерс 125:100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот