Васил Гарванлиев по низата обвинувања: Тоа беше организиран криминален напад

Instagram
принтскрин

Во интервју за порталот „Eurovisionworld“ овогодинешниот претставник на Македонија, Васил Гарванлиев, зборува за тоа колку бил разочаран по откажување на Евросонг 2020 година, па повторната понуда од МРТВ оваа година да настапи на музичката манифестација, ја прифатил со
големо задоволство.

Бев скршен и разочаран затоа што поради ковид-19 се откажа настанот и си реков „ конечно добив шанса да си го исполнам најголемиот сон, но животот имал поинаков план“, вели тој, откривајќи дека во текот на пандемијата продолжил да работи посветено и фокусирано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Кога беше откажана манифестацијата, еден дел од мене како да престана да дише, сè додека не го добив повикот од МРТВ во кој ми кажаа дека повторно ме избрале за македонски претставник на годинешната Евровизија. Вредеше да се чека осум месеци“, открива Васил.

Но, она што не го очекувал беа настаните кои започнаа веднаш по објавувањето на видео-спотот за евровизиската нумера „Here I Stand“.

Имено прво се појави тврдење дека во спотот се појавува бугарското знаме, а подоцна излезе и видео во кое Васил потврди дека има и Бугарско државјанство, кое го добил по баба му, која потекнува од таа држава. Во меѓувреме се потпишуваа петиции за да се откаже учеството на Македонија на настанот или да се замени Васил со друг претставник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Тоа беше организиран кримнален напад на мене и над него никој немаше контрола. Нештата беа извадени од контекст и лажни информации се ширеа што доведе до негативен одговор и сајбер-насилство дури и јавен линч кон мене. Не сакам тоа да му се случи на никого, но гледам светло на крајот од тунелот. Многу сум благодарен бидејќи сето тоа што се случи ѝ даде уште подлабоко значење на мојата песна и ме инспирираше да бидам уште поуспешен во презентацијата“, вели Гарванлиев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Ова ме направи посилен како човек, а како уметник ми даде поголема одговорност да бидам глас на безгласните, особено за артистите ширум светот кои немаат уметничка слобода за себе. Ќе ја замолкнеме омразата со љубов, позитивна енергија и музика“, заклучи Васил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот