Вашиот адолесцент и сексот: Теми за кои мора отворено да зборувате

Отворете ги сите можни теми на тема секс со вашето дете. Ако вашите деца знаат дека можат да ве прашаат за сè што ги мачи, или можат да зборуваат спокојно и отворено со вас, тоа е веќе голем чекор кон нивната заштита и нивната свесност.

Разговорите со децата-адолесценти за сексуалноста е нешто што обично ни создава потешкотии.  А свесни сте дека вашето дете може во секој момент да се најдат лице в лице со своите први сексуални искуства! Како да го направите тоа? Избегнувањето на оваа тема во домот не е решение!

Затоа земеме здив и да се соочиме со реалноста: децата растат и ние мора да им дозволиме да станат свесни индивидуи.

КАКО ДА СЕ СООЧИТЕ СО РАЗГОВОРОТ НА ТЕМА СЕКС СО ВАШИОТ АДОЛЕСЦЕНТ

1. Информирајте се и бидете подготвени да објасните сè до најмали детали! Подготвените и свесни млади преземаат помалку ризични потези за себе и за другите.

2. „Но, што да кажам?“ Колку повеќе напредува возраста, треба да сте појасни на оваа тема. Треба да зборувате за тоа како функционира телото, деловите што го сочинуваат, да разговарате за машки и женски гениталии, но исто така, треба да зборувате и за почитта кон сопствено тело, за љубовта, можните опасности, за физичка и емоционална заштита.

3. „Ех, на оваа тема има многу на Интерент! “Ако вашите деца не зборуваат со вас, со кого ќе го сторат тоа? Не, немојте ни да помислите – со компјутерот! Се разбира, има наставници кои на училиште, или во неформални контексти, можат да им дадат информации на младите луѓе. Но, што ако не им дадат? Сепак, младите луѓе ќе продолжат сами да бараат информации. Ним им требаат одговори и ако видат дека не сте подготвени вие да им ги дадете, дека имате стравови или табуа, ќе одат во потрага по нив кај пријателите! Ве уверуваме дека ни Интернет ни пријателите не е апсолутна гаранција за успешноста на советите. Само вие може да бидете гаранција.

4. Треба да се справиме со желбата на децата, да ја препознаеме, да ја легитимираме и да им помогнеме да разберат дека она што можат да го најдат на Интернет, како што е порнографијата, може да им даде искривено гледиште за тоа што може да биде сексуалноста. Тие, веројатно, Интернетот ќе го користат сеедно, од љубопитност или интерес, но само од вас ќе можат да го разберат вистинското значење како и границите.

5.Од суштинско значење е младите да бидат свесни за нивниот избор, да бидат информирани за тоа што може да се случи во рамките на сексуалните односи и да знаат како да се заштитат; мора да се знае кои можат да бидат последиците од нечии постапки. Зборувајте со вашиот адолесцент за методите на контрацепција и нивната употреба. Но, не само тоа! Помогнете им да научат да се заштитат и од евентуално сексуално искористување.

6.  Нема табу-теми! Зборувајте за болестите, зборувајте за злоупотреба, насилство, абортус, хомосексуалност. Накратко, отворете ги сите можни теми. Ако вашите деца знаат дека можат да ве прашаат за сè што ги мачи, или можат да зборуваат спокојно и отворено со вас, тоа е веќе голем чекор кон нивната заштита и нивната свесност.

7. Побарајте помош, ако нешто и вие не знаете! Вашите деца не очекуваат да бидете сезнајковци, не мора да бидете научник, тие очекуваат одговори, а вие може да одвоите малку време да најдете информации и спокојно да се справите со различните теми. Слободно побарајте поддршка од консултанти, професионалци или лекари.

8.Почнете со време да купувате книги на оваа тема погодни за возраста на вашите деца. Вашите деца нема сами да побараат во книжарница ваква литература, па направете го вие тоа за нив.

9. Разјаснете ги идеите! Сексуалноста е лична работа и како и начинот на живеење има многу силна културна или верска вредност. Со вашиот адолесцент отворено позборувајте за неговите мислења за сексот, за стравовите и сомнежите, за причината на идеите, односно – анализирајте ја темата со одредена отвореност на умот.

10. Ослободете го вашиот адолесцент од срамот и користете малку иронија. Темата е важна и мора да се објасни јасно, но ајде да ја направиме тоа со едноставност и спокојство, исто така и со леснотија (што не значи површно).

11. Во здраво тело здрав дух. Ако со првата менструација девојчињата е корисно да посетат гинеколог, честопати за момчиња посетата на уролог не се случува, освен ако со текот на времето не се појават проблеми. Сепак, посета на специјалист ќе ви овозможи подобро да го информирате вашиот тинејџер, за да практикува здрав сексуален живот, да се фокусира на превенција и да не дојде до евентуални патологии.

12.Колку е убаво! Да не заборавиме дека здравиот и позитивен однос со сексуалноста е нешто исклучително позитивно за сечиј живот и за благосостојбата. Да се ​​биде свесен, исто така, подразбира можност да се живее пријатен и убав момент, составен и од физичка активност, но и од љубов, страст и споделување. Сексуалноста е убав свет, но како и со сите авантури, вашиот тинејџер треба да знае како да се справи со тој свет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот