Вардарци го освоија третото место на Супер Глоуб

twitter.com/sahfksa

Екипата на Вардар и во вториот обид не успеа да триумфира на Супер Глоуб, и повторно мораше да се задоволи со третото место кое им донесе парична награда од 150.000 евра. Во натпреварот за третата позиција, „црвено-црните“ го совладаа тимот на Ал Вехда со 30:26 иако во првиот дел беше нерешено (16:16).

Ал Вахда водеше во поголемиот дел од првите 30 минути, а вардарци прв пат во водство дојдоа во 25. минута, кога поведоа со 14:13.
Во второто полувреме со серијата од 5:0, вардарци дојдоа до предност од 21:17 и до крајот на натпреварот не дозволија на противникот да се приближи.

Најдобар во „црвено-црниот“ тим беше Иван Чупиќ со седум гола, додека Даинис Криштопанс шест пати ја погоди мрежата на противникот. Во финалето кое започнува за еден час ќе се сретнат Кил и Барселона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот