Вардарци преку Загреб бркаат јубилеен десетти фајнал-фор во Сеха лигата

Вардар и Загреб се единствени екипи кои досега играа на сите фајнал-фор турнири во СЕХА Лигата/ фото: РК Вардар1961/Денис Дуковски

Ракометарите на Вардар вечерва (20 часот) го играат реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата против ППД Загреб.
Вардарци во Загреб заминаа со залиха од четири гола предност откако во Скопје славеа со 24:20. На овој натпревар „црвено-црните“ одиграа одлично во одбраната, успеаја да го лимитираа хрватскиот тим на само 20 постигнати голови со што ги анулираа грешките во нападот.

Но, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ смета дека реваншот ќе биде поинаков, неговите ракометари ги очекува тешка борба и предупредува дека не смее да се брани предноста од првиот натпревар.

– Сигурно нè очекува еден тежок натпревар, јас сметам дека мораме да одиграме навистина добро. Но, доколку одиме да браниме четири голови разлика, нема да се пласираме на Фајнал-фор турнирот. Ние таму треба да одиграме натпревар за да победиме. ППД Загреб сигурно ќе има свои причини и мотиви, нема да се откаже така лесно од намерата да се најде на Ф4 турнирот во Задар и да нема ниту една хрватска екипа на тој настан. Јас сакам на крајот Вардар1961 биде учесник на завршниот турнир. Двете екипи покажаа дека играат сериозен физички ракомет, со многу контакти. Колку судиите ќе толерираат, дали публиката ќе влијае на тоа, факторот среќа, сите тие се фактори на кои треба да се обрне внимание. Шансите се на наша страна, четири голови се сериозна предност. Се надевам дека ќе постигнеме повеќе од 20 голови, па противникот мора потоа да брка победа од пет разлика, па ќе видиме што ќе се случи на теренот – вели Вујовиќ.

Интересно е што и Вардар 1961 и ППД Загреб досега настапија на сите девет завршни турнири во СЕХА Лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот