Вардар се спаси од елиминација, среќни пенали за осминафинале

фото: fkvardar.mk

Денеска играчите на Вардар со доста мака успешно ја прескокнаа пречката во 1/16 финалето од Купот на Македонија. Вардар се пласираше во осминафиналето откако дури по пенал серијата го елиминираше Вардар Форино на теренот во Гостивар.

Водеа Вардарци со головите на Блажевски и Петковски, но домаќините се вратија и за период од две минути го израмнија резултатот (2:2) благодарение на двата погодоци на Алиу.

Во пенал серијата многу лесно можеше да се случи големо изненадување, Вардар Форино пропушти „меч топка“ да го исфрли фаворитот на хартија од натпреварувањето.

При резултат 3:3 во петтата серија на Вардар Форино му недостасуваше само уште еден гол од белата точка, но не ја искористи шансата. На крајот Вардар на тренерот Александар Васоски беше подобар и славеше со 7:6 или севкупни 9:8.

Другите куп натпревари ќе се играат утре на 23 септември од 15.30 часот, во продолжение и паровите:

Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот