Марко Ѓорчески/РК Вардар

Вардар мисли на иднината, потпиша договор со кадетски репрезентативец на Македонија

Од редовите на Вардар потврдија дека го обезбедиле потписот на кадетскиот репрезентативец, Марко Ѓорчески кој ќе се приклучи на првиот тим.

Станува збор за ракометар кој игра на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава.

Својата кариера ја започна во академија Алушовски, а потоа беше дел од Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет.

“За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”- изјави Ѓорчески.

Стерјев: „На Кузмановски и на Манасков им понудивме одлични договори, чекаме нивен одговор“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот