Вардар едвај го совлада „фенерџијата“ Скопје

Гоце Георгиевски постигна осум гола за Вардар/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар се испотија за да дојдат до победата во 12 коло од Суперлигата над последнопласираниот Скопје од 27:32 покажувајќи дека се уште не е излезен од кризата.

„Црвено-црните“ се во серија од пет порази по ред во Лигата на шампионите, додека во Суперлигата не играат убедливо и веќе доживеаја пораз од вториот тим на Е. Пелистер.

Домашниот тим подобтро подобро го отвори натпреварот и на стартот, имаше предност од 6:3 и беше во водство во текот на првите 30 минути кои го доби со 13:12. Ракометарите на Скопје добро започнаа и второто полувреме, беа рамноправем противник се до моментот кога „црвено-црните“ при резултат 24:24 направија серија од 2:6 и ја обезбедија победата.

Александар Василевски беше најпрецизен во редовите на Скопје со осум гола, а исто толку голови постигнаа и Гоце Георгиевски и Јан Чувара за Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот