Вардар 1961 од вториот шешир ги чека противниците во ЛШ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вчера Европската ракометна федерација (ЕХФ) и официјално ги објави екипите кои ќе бидат дел од натпреварувачката сезона 2021/2022 во Лигата на шампионите.

И Вардар 1961 се наоѓа во групната фаза, но од ЕХФ напоменаа дека учеството на „црвено-црните“ во ЛШ е под истрага.

Денеска се објавени четири шешири, македонскиот шампион е во вториот заедно со Алборг, Кјелце и Порто и тие не можат да му бидат ривали на составот на Веселин Вујовиќ во групната фаза.

Шешир 1: Барса, Кил, Пик Сегед, ПСЖ
Шешир 2: Вардар 1961, Алборг, Кјелце, Порто
Шешир 3: Мешков Брест, Флензбург, Веспрем, Монпеље
Шешир 4: Мотор, ППД Загреб, Динамо Букурешт, Елверум

Целата процедура околу жрепката која ќе се одржи на 2 јули (11.00 часот) во Виена можете да ја погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот