Ванеса Брајант го обвини „Најки“ за измама

Коби Брајант беше подеднакво успешен и како бизнисмен/ EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Патиките кои дизајнира во чест на починатата ќерка, „Најки“ сака да ги пушти во продажба без нејзина дозвола.

Ванеса Брајант, сопругата на трагично загината НБА легенда, Коби Брајант го обвини најпознатиот производител на спортска опрема „Најки“ дека неовластено во продажба ќе пушти патики кои таа ги дизајнирала во чест на нејзината почината ќерка Џиана. Коби Брајант и Џиана на почетокот од минатата година загинаа во хеликоптерска несреќа која се случи во близина на Лос Анџелес.
„Ова се патики на кои работев во чест на својата ќерка Џиана. Се нарекуваат „Мамбасита“ и се замислени како ексклузивна црно-бела лиинија каква што имаа патиките на нејзиниот татко, напиша Ванеса Брајант на Инстаграм.

Меѓутоа, како што Ванеса објасни, сите планови околу производство и продажбата на тој модел на патики се одложени бидејќи истече договорот на „Најки“ и Коби Брајант кој траеше 18 години, а не е потпишан нов ниту пак е продолжен стариот.
– Идејата беше целата заработка од продажба да се уплати во нашата фондација „ Mamba & Mambacita Sports Foundation“ но бидејќи „Најки“ не го продолжи договорот, одлучив дека тие патики нема да се продаваат. Тие немаат одобрение да се пуштат во продажба, дури не смеат ниту да се произведуваат. Не знам како некој друг може да ги има правата на нешто што јас го дизајнирав за својата ќерка. Се надевам дека нема да се продаваат“, пишува Ванеса Брајант.
Новиот модел на патики во чест на Џиана Брајант, компанијата „Најки“ ги најави за втората половина од годинава, и веќе на социјалните мрежи е објавено како ќе изгледаат патиките. „Најки“ на обвинувањата на Ванеса Брајант не одговори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот