Ване Цветанов: Нема веќе опасност да ме притворат, па се враќам во Македонија!

Поранешниот функционер Ване Цветанов кој како претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, по што тој ја напушти Македонија, на Фејсбук објави дека се враќа дома.

„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на Кривичниот Законик опасноста од притвор повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија“, извести Цветанов.

Инаку Министерството за внатрешни работи на 18 ноември 2022 година, поднесе кривична пријава против Цветанов за наводна злоупотреба на буџетот од 75 илјади евра. Според пријавата, Цветанов вршел незаконски јавни набавки и на службени патувања носел блиска личност на државна сметка.

„Во текот на 2021, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 36.954 евра, набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка, додека во текот на 2022 продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 7.000 евра за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото.

Тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија склучил три договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.525 евра“, наведоа од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот