Федерико Валверде/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Валверде првпат зборуваше за скандалот со Чуамени: Тоа ме направи подобар капитен

Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, првпат јавно проговори за инцидентот на тренингот со неговиот соиграч Орелиен Чуамени, признавајќи дека физичката пресметка била тежок и важен момент од неговата кариера.

Уругвајскиот репрезентативец, кој моментално се подготвува за Светско првенство во фудбал 2026, истакна дека во целиот период добивал голема поддршка од навивачите на мадридскиот клуб.

По пристигнувањето во Уругвај, Валверде зборуваше смирено за целиот случај.

„Се чувствувам одлично. Имав огромна поддршка и љубов од навивачите на Реал Мадрид, како и од клубот. Понекогаш мора да поминете низ вакви тешки моменти во фудбалот и животот за да научите како да растете и созревате“, изјави Валверде.

Поради инцидентот, Реал Мадрид ги казни двајцата со по 500.000 евра што се највисоки парични казни во историјата на клубот.

„Верувам дека ова ќе ме направи подобар капитен во годините што доаѓаат“, порача Уругваецот кој сега ги почнува подготовките за Мундијалот.

Реал Мадрид им изрече парични казни на Валверде и Чуамени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот